За Нас

ШАТЕ ДОО е основана 1992 година во Гостивар. Прочитајте нешто повеќе за нас и за историјата на нашата компанија.

Продукти

Нудиме широк асортиман на подни и ѕидни плочки, санитарии и друга опрема за бањи од светски познати брендови.

Галерија

Погледнете ја галеријата од нашите производи и нашите салони со реално направени амбиенти. Погледнете како би можел да изгледа Вашиот дом!

Добредојдовте

Шате ДОО е една од водечките компании во областа на трговија со керамика и санитарија, компанија со висока репутација и непобитен легитемитет. Компанијата располага со квалитетен, современо обучен менаџмент и продажен кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет.
Со двата ултра модерни салони од кои едниот лоциран во срцето на индустриската зона Визбегово во Скопје со вкупна површина од 2000м2 и другиот на патот за влез во Битола (Крклино ББ) со површина од 400м2 и еден логистичко-дистрибутивен магацин, со актуелното следење на светските трендови, константното и контуирано подобрување и усовршување на квалитетот на понудата, пред се со иновативни дизајнерски решенија како во керамиката така и во санитаријата и опремата за бањи ШАТЕ ја оправдува високата лидерска позиција на пазарот.
Водејќи се од главната цел и мисија за супер квалитени и уникатни производи ШАТЕ на пазарот ексклузивно ги пласира светски познатите брендови:

GRESPANIA - шпанска керамика перфектен квалитет и луксузен дизајн. Во понудата има порцелански подни плочки во атрактивни и големи димензии и ProArte ѕидна керамика.
MARAZZI Group - италијанска керамика со врвен квалитет, дизајн и широк спектар на подни порцелански плочки со супер достапни цени.
KEROS - шпанска керамика со одлична релација квалитет-цена. Во понудата има стандардни ѕидни и подни порцелански плочки.
DURAVIT - германски производител на санитарии со современ дизајн и екстра квалитет. Во понудата може да се најдат санитарии дизајнирани од планетарно познатиот дизајнер Philippe Starck.
VILLEROY & BOCH - гермаски производител на санитарии, синоним за истраен квалитет. Villeroy-Boch е една од првите фабрики за производство на санитарии која опстојува до денес. Основана е 1748 година.
HANSGROHE - германски производител на високо квалитетни батерии за бањи и кујни, тушеви и туш системи. Предводник на иновативни решенија во светски рамки.
HUEPPE - германски производител на супер квалитетни туш кабини и решенија за туш простори по мерка. HUEPPE е фабрика со традиција од 120 години, а воедно е иноватор на кој му се препишува изумот ТУШ КАБИНА.
AQUAESTIL - хрватски производител на акрилни кади и туш кади, кади со масажни системи.
TECE - германски производител на водоводни материјали како водоводен систем со спојка на основа преса со навлекување, вградливи казанчиња со различна дебелина и дренажни системиза секаков вид на простории и туш кабини.
Schell-armaturen - гермаски производител на високо квалитетни ек вентили, панцир црева, сензорски батерии, вградливи казанчиња исклучиво наменети за јавни објекти со голема фрекфенција на употреба на истите.